Royal Green

Постоиме за Нас, постоиме за Вас, од идеја до реализација. Прекрасно зеленило, вкусно аранжиран простор и релаксирачко чуство.Веројатноќе посакате зелената линија да провее и низ Вашиот стан, да се задржи на Вашиот балкон или да се всели во Вашата градина.

Добро разработена идеја спакувана со знаење и долгогодишно искуство.Планираме, проектираме и изведуваме даваме совети и сервисираме.


Ако посакате убаво средена градина, или сакате да го дополните  Вашиот омилен простор со по некое цвеќе, дрво или грмушка а не знаете што е прикладно и што е потребно за Вашата градина како и можноста да дознаете повеќе за садењето ,размножување,обликување како и заштитата на растенијата.  

Royal Green: 2010


Нашиот стил

Што се однесува до стилот, практикуваме природно уредени површини   со примеси на кинеските природни паркови кои се одликуваат со богато користење на водени површини со природен облик , а мостовите, патеките како и сите останати елементи кои се составен дел на парковите т.е. градините се со меки и обли линии.

Сепак стилот на  градината многу зависи од  архитектурата на изградениот објект. Линиите на градежниот објект продолжуваат во околниот простор и се вплотуваат во една целина  и создаваат компактност.

 

Royal Green: 2010